Кеселаид

Кеселаид
село / остров
Карпа во Кеселаид на северозападната страна на островот.
Карпа во Кеселаид на северозападната страна на островот.
Кеселаид во Западноестонскиот архипелаг.
Кеселаид во Западноестонскиот архипелаг.
Држава Естонија
Округ Саре
Општина Муху
Површина
 • Вкупна 1,7 км2 (7 ми2)
Население
 • Вкупно 2
 • Густина 0,12/км2 (0,30/ми2)

Кеселаид (исто така Кесулаид, или деминутивно Кесу. германски: Schildau (Шилдау); шведски: Sköld, Skölldo (Сколд, Сколдо)) ― естонско островче сместено помеѓу главното копно и островот Муху во теснецот Суур (Големиот теснец) кој ги поврзува теснецот Ваинамари и Ришкиот Залив. Има само едно село на островот Кесе, која е административно дел од општината Муху, округ Саре.

Со највисоката точка 15,6 метри надморска височина, тоа е највисокиот остров во Естонија. Исто така се смета дека е најстарата островче, бидејќи настанало околу 3000 п.н.е.

Од 1938 година, карпите во Кеселаид високи 7 до 8 метри биле назначени за природен резерват.[1]

Кеселаид за првпат бил опишан во печатено издание во 1644 година во шведската поморска книга „Een siö-book, som innehåller om siöfarten i Östersiön“ од Јохан Менсон. Кеселаид бил населен со етнички Естонци со векови, но во 16 век започнала голема колонизација од германски доселеници. Во 1807 година Кеселаид бил продаден на балтичкиот германски благородник Јакоб Фридрих фон Хелвиг. До крајот на 1930-тите имало уште 35 постојани жители на островот.[2]

Денес, во лето, Кеселаид делумно се користи како ливада и пасиште за добиток и кози. Исто така, станал екскурзивно одредиште за туристите во природата. На островот се бројат 16 видови орхидеи.[1] Од островот Муху, дива свиња и елен повремено пливаат до Кеселаид.

Светилник за првпат бил изграден Кеселаид во 1885 година. Тековниот, целосно автоматизиран светилник датира од 1994 година.[3]

  1. 1,0 1,1 Uudo, Timm. Kesselaiu maastikukaitseala – pool sajandit unustuses
  2. Luha, Artur: Kesselaid. Tallinn, 1940
  3. „Eesti Saarte Kogu: Kesselaid Lighthouse“. Архивирано од изворникот на 10 јули 2010. Посетено на 16 март 2021.

 

  • Список на острови во Естонија

Copyright