Национална библиотека на Кореја

Национална библиотека на Кореја (корејски: 국립중앙도서관) е најголемата библиотека во Сеул, Јужна Кореја. Оваа библиотека е обемно и чувано складиште на национална литература во физичка и електронска форма, што е систематски уредено и достапно за сите граѓани.

Националната библиотека на Кореја е основана на 15 октомври 1945 година во општината Сонг-донг во Сеул. Следната година, 1 април 1946 година, во оваа библиотека започнуваат првите обуки за професионални библиотекари. Библиотеката на 2 декември 1974 година . од старата локација се сели кон ридот Намсан. Август 1782 година го отвориле својот прв информатички оддел. Оваа библиотека исто така почнува да ги користи стандардите ISSN. Седум години подоцна, на 25 ноември 1997 година се формира електронската библиотека, на 2 јули 2002 година започнува со употреба на системот CIP. Јуни 2006 година се основа и гранка на Националната библиотека за деца и млади на возраст под 16 години со литература прилагодена за таа возраст [1]

Националната библиотека на Кореја се состои од четири објекти: главната зграда на библиотеката, зградата на Институтот за обука на библиотекари, зградата на складиштата и зградата на компјутерите за употреба на Дигиталната библиотека на Кореја.[1]

Фондот на библиотеката се збогатува со правило за задолжитен примерок, според кое една или две копии од корејски публикации мора да бидат доставени до библиотеката во рок од триесет дена од нивното објавување. Од 29 февруари 2016 година година, библиотечниот фонд на Националната библиотека на Кореја содржи вкупно 10.392.445 публикации.

  • бр. домашни публикации: 7.252.149
  • бр. странски публикации 1.263.980
  • бр. публикации што не се книги: 1.599.725
  • бр. класици на светската литература: 276.591

Библиотеката има и 48 стари и ретки книги во својот фонд, од кои најстарата датира од 14 век на новата ера. Овие книги се класифицирани како јужнокорејски национални богатства под државна заштита.[1]

Корејската национална библиографија се објавува годишно и содржи информации за сите публикации објавени во текот на изминатата година. Првпат е објавена во 1963 година.[2]

Националната библиотека на Кореја е вклучена во дистрибуција, управување и употреба на информативни материјали со цел да се подобри ефикасноста на библиотечните услуги. Започнати проекти:

  • Дистрибуција на автоматизација на систем на корејски библиотеки (KOLAS)
  • Информатички систем на мрежата на корејските библиотеки ( KOLIS-NET)
  • Колаборативни за онлајн знаење и информационен сервис (Прашајте го библиотекарот) [3]
  1. 1,0 1,1 1,2 „О библиотеци“. Официјално мрежно место на Националната библиотека на Кореја. Архивирано од изворникот на 04. 06. 2013. Посетено на 4 април 2016. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
  2. Čung, Jon-kjung. „National Bibliographies: past, present and future – the Korean experience“ (PDF). Посетено на 4. 4. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. Ли, Ђесун. „Authority Files in the National Library of Korea“ (PDF). Посетено на 4. 4. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Copyright